Vrabotuvanje.com - Виши Специјалист - Архитект за деловни решенија - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Виши Специјалист - Архитект за деловни решенија

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди. 

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo  лицe на работно место:

Виши Специјалист - Архитект за деловни решенија

Одговорности

  • Подготвува продажни и претпродажни сценарија за комплексни ИКТ решенија во комерцијалниот бизнис сегмент на корисници;
  • Води развој на нови големи кориснички ИКТ проекти и систем интеграциски решенија преку консултантска продажба и проширување на корисничкото портфолио;
  • Одговорен е за  Profit/Loss анализата за ИКТ решенија вклучувајќи: high level design и листа со потребни материјали за решенијата;
  • Развива компетитивни ИКТ решенија во однос на конкуренцијата, приходите, ризиците и долгорочната препознатливост од страна на корисниците;
  • Работи на задржување на постоечките ИКТ корисници кои применуваат комплексни решенија и се залага за придобивање на нови корисници во корпоративниот сегмент;
  • Подготвува кориснички презентации и состаноци со комерцијалните корисници;
  • Ја координира подготовката на деловната студија, финансиска процена на ризикот, моделот  за плаќање и предлог на цени

Кои способности треба да ги поседувате

  • Добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми
  • Напредни способности за презентација и комуникација
  • Креативност
  • Проактивност
  • Доверливост и флексибилност
  • Способност за работа под притисок и кратки крајни рокови

Квалификации

  • Технички факултет – Електротехника или Информатички технологии, Природно математички факултет, Економски Факултет;
  • 5 години соодветно работно искуство;
  • Напредни способности за креирање и управување со проекти;
  • Основни познавања на сметководствени стандарди;
  • Напредни познавања на IP технологија;
  • Напредни познавања на Cloud, IoT, безбедност, енергетска ефикасност;
  • Добро познавања на телекомуникацискиот пазар и конкуренцијата;
  • Напредни познавања на подготовка на Деловна студија

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Виши Специјалист - Архитект за деловни решенија.

Огласот ќе биде објавен на ден 07.07.2022 година и ќе трае  до 15.07.2022 година

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Архитектура изнесува 25.340 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде