Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Македонски Телеком АД-Скопје
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo лицe на работно место:
Виши агент за бизнис контакт центар
Одговорности
Одговара на дојдовни повици од бизнис корисници со цел навремено и квалитетно опслужување;
Одговара на барањата на бизнис корисниците иницирани преку мултимедијални канали за комуникација, социјални мрежи, chat и други платформи за комуникација;
Ги прибира сите потребни податоци (од постојните ИТ системи и во комуникација со колеги од други сектори) за припрема на соодветен одговор кон бизнис корисникот и му го испраќа во временски дефинирани рамки;
Извршува активности кои произлегуваат од разговорот (Активации/Деактивации на сервиси и услуги, Барања за продажба, креирање на нарачки, Промени на кориснички податоци, Промени на тарифни модели, Внесување на пречки за технички проблеми кој ги пријавува корисникот, а неможе да се решат по телефон) во соодветните ИТ системи;
Прави потсетувачки повици, повици за информирање за веќе активирани сервиси, повици за проверка на решените пречки на корисниците и сл.
Дава информации и технички инструкции за услугите и производите со цел задоволување на барањата на корисникот;
Врши едукација на бизнис корисниците за начинот на користење на опрема и услуги;
Решава комплексни кориснички проблеми
Кои способности треба да ги поседувате
Способност за тимска и самостојна работа
Исполнителност на работно место
Способност за работа во кратки рокови
Способност за учење и совладување нови предизвици
Квалификации
Вишо или средно образование;
1 година соодветно работно искуство;
Напредни комуникациски вештини;
Напредни познавања на работа со компјутери;
Напредни продажни вештини;
Напредни способности за справување со стресни и конфликтни ситуации;
Основно познавање на англискиот јазик се смета за предност;
Добро познавање на албански јазик се смета за предност
Работно време:
Работното време во компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Што нудиме:
Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
Плата согласно утврдените интерни акти на компанијата
Можност за континуирано професионално усовршување и развој
Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
Останати бенефиции како вработен во МК
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши агент за бизнис контакт центар.
Огласот ќе биде објавен на ден 08.07.2022 година и ќе трае до 15.07.2022 година
Контакт информации тел. 02/3 242-602
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!