Ние во Алма-М веќе 31 година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Објавува оглас за следната работна
ФИНАНСОВ СУПЕРВИЗОР
Клучни одговорности:
- Комплетно водење на сметководствено работење и контрола на истото,
- Контрола на книжење на финансиска и материјална документација,
- Изготвување на завршни годишни сметки и консолидација,
- Пресметка на ДДВ и данок на добивка,
- Плаќање на налози,
- Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствени стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи,
- Подготовка на финансиски извештаи,
- Уредно водење на документација во согласност со имплементирани стандарди за квалитет во компанијата,
- Комуникација со сите релевантни државни институции,
- Извршување на редовни административни активности во домен на сметководство,
- Подготвување на извештаи пропишани со законска регулатива.
- Минимум завршено високо образование - Економски факултет,
- Поседување на лиценца за овластен сметководител,
- Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office, посебно на Мајкрософт Ексел),
- Претходно работно искуство во трговија на некои од водечките ланци ќе се смета за предност,
- Претходно работно искуство со CFMA ќе се смета за предност,
- Одлични организациски, комуникациски и менторски вештини,
- Подготвеност за работа во професионална и динамична атмосфера,
- Проактивна и стабилна личност насочена кон резултати,
- Способност за работа под притисок и кратки рокови,
- Способност за тимска и индивидуална работа,
- Систематски пристап при работењето, ориентација кон детали,
- Поседување на висок интегритет и лојалност,
- Иницијативност, посветеност и амбициозност,
- Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата,
- Позитивен однос кон промени.
Потребно искуство:
- Минимум 3 години претходно работно искуство на иста позиција.