Vrabotuvanje.com - Практикант - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги 
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,  
насочени кон постигнување резултати  и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата 
 
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
 
објавува 
 
ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
во ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ
ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ 
 
Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка оптределба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, започнува ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНСТКА РАБОТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ. Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.
 
Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА во Електро одржување.
 

Програмата ги опфаќа следните области:
  • Електро одржување на индустриски машини (трансформатори, мотори)
  • Трансформаторски станици и релејна заштита, 
  • PLC управувани машини, 
  • Лабораториски инструменти и слична опрема.
 
Потребни квалификации:
  • Средно електро техничко училиште, IV степен, електротехничка насока
  • Без работно искуство 
  • Познавање на PLC и компјутери ќе се смета за предност
  • Познавање на MS Office, AutoCAD, Windows OS ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо 
2. Биографија (CV) 
3. Доказ за завршено образование 


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk или преку полето Брза Апликација.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде