Ние во Алма-М веќе 31 година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Објавува оглас за следната работна
УНАПРЕДУВАЧ/КА НА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
Работни задачи:
- Подредување, следење и контролирање на производи (процентуално учество) на сталажи во продажни објекти според стандарди и договори на Алма-М,
- Имплементација на цени, маркетинг активности (летоци, акции, настани, ...) и нивно истакнување,
- Следење и известување за активности на конкуренција,
- Изготвување извештаи и нивно навремено доставување,
- Следење на залиха на сталажи и во магацин/и на продажни објекти, следење на рокови на употреба и примена на ФЕФО метод.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа на терен,
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
- Професионално однесување,
- Организиран/а, мотивиран/а и стабилна личност,
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
- Пожелно е поседување возачка дозвола Б – категорија, но не е задолжително,
- Пожелно е познавање на англиски јазик.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство не е потребно.