Ние во Алма-М веќе 31 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Објавува оглас за следната работна
Техничар-унапредувач на продажба
за ШТИП И СТРУМИЦА
Работни задачи:
- Склопување, позиционирање, одржување, расклопување, отстранување, контролирање позиции и чистота на поставени сталажи,
- Читање и изготвување на нацрти на позиции и сталажи,
- Секојдневна посета на продажни места предвидени со дневна рута,
- Запознавање купувачи со асортиман и цена на производи, рекламен материјал, карактеристики и предности, место на изложување, оптимални залихи,
- Пополнување и праќање извештаи во електронска форма (Excel, Power Point),
- Грижа за уредност, правилна употреба и решавање проблеми поврзани со рекламен материјал
- Врши м’рчндајзинг според планограм,
- Имплементација на маркетинг поддршки (летоци, настани, викенд акции...),
- Следи конкуренција и предлага активности за минимизирање на нејзино влијание,
- Исполнување на цели и координација со членови на тим,
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа на терен,
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
- Професионално однесување,
- Организиран/а, аналитичен/а, мотивиран/а и стабилна личност,
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
- Поседување возачка дозвола Б – категорија,
- Пожелно е познавање на англиски јазик.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство не е потребно.