Ние сме Кинг ИЦТ, дел од М Сан Група. Се занимаваме со развој на решенија за големи клиенти. Нашите решенија ги користат илјадници луѓе во регионот. Со помош на нашите производи луѓето плаќаат патарина, се возат со воз, користат јавен превоз, децата поедноставно се запишуваат во основни и средни училишта, стручњаците го контролираат квалитетот на водата за пиење, на земјоделците на време им се исплаќаат субвенции, граѓаните ги добиваат сите услуги навремено и на една локација, државната администрација ефикасно управува со процесите и документите...
Во регионот не има повеќе од 750, а работиме во мали и независни проектни тимови. Работиме агилно и го применуваме најдоброто од Scrum методологијата. Внимаваме на културата на компанијата и бираме колеги со кои ни е пријатно да работиме, но и да се дружиме вон работното време.
Ти си гласот на нашите клиенти. Нивните желби и идеи ги претвораш во испораки и рокови. Слушаш море од барања, а ја идентификуваш секоја поединечна потреба. Добиваш мноштво шарени белешки, а гледаш складен план. Не се откажуваш од целите, без оглед колку е долг или кривулест патот до нив.
За дополнување на нашиот тим, бараме:
Бизнис аналитичар (м/ж)
Што ќе работиш?
- Идентификување на клучните чинители во деловниот процес
- Идентификување и потврдување на деловните потреби на клиентите
- Давање на препораки на клиентите кои ќе им демонстрираат дека ги разбираш
- Управување со процесот на прибирање на барања, кои ќе ги анализираш, дефинираш и координираш и на крајот на процесот јасно ќе ги артикулираш потребите на клиентот
- Анализа на постоечките процеси и давање препораки за нивно подобрување
- Дефинирање и проценка на активностите за деловна анализа, очекувани резултати од анализата и временски рамки
- Управување со проектниот backlog и одредување на приоритети
- Креирање на релевантна документација: функционални спецификации, модели на деловни процеси (as-is/to-be), визуелни предлози на решенија и останата релевантна документација
- Подготвување на документација во склад со договорената методологија и стандарди
- Соработка со проектните менаџери, деловни аналитичари, програмери, специјалисти за тестирање на софтвер и сите останати членови на развојниот тим за да дизајнот и имплементацијата на решението бидат во склад со деловните барања
- Идентификување и (во соработка со специјалистот за тестирање на софтвер) дефинирање на критериуми за прифаќање кои одговараат на зададените деловни потреби и цели
- Континуирано пренесување на своите знаења на останатите колеги
Наши очекувања
- Имаш најмалку две години искуство во подрачјето на деловна анализа за IT решенија
- Го разбираш концептот на објектно ориентирано програмирање и релациски бази на податоци
- Уживаш во процесите на деловна анализа, како и комуникацијата со различни колеги и клиенти
- Сакаш да работиш на нови и на постоечки системи
- Самостојно управуваш со своите задачи и ги дефинираш своите работни активности
- Можеш бргу да ги разбереш и разликуваш желбите на клиентот од вистинските деловни потреби и истите да ги преведеш во функционални и нефункционални барања
- Спротивставените барања на клучните корисници не ти претставуваат проблем, туку можност да им помогнеш да ја донесат најдобрата одлука
- Можеш да решаваш сложени проблеми, како и да поедноставиш сложени процеси без премногу мака
- Не ти е проблем да влезеш во детали и да го визуелизираш проблемот без притоа да го изгубиш фокусот на големата слика
- Сите барања можеш јасно и недвосмислено да ги комуницираш со проектниот тим
- Одредуваш приоритети, управуваш со промени и по потреба делегираш задачи
- Одлично познаваш и применуваш различни техники и алатки за деловна анализа и секогаш истражуваш нови
- Сакаш да работиш како член на проектен тим со цел креирање и испорака на решение кое во целост ги исполнува деловните потреби на клиентот
- Имаш искуство во работа на агилни проекти за развој на софтвер
Зошто сме вистински избор за тебе?
- Можеш да ја развиваш кариерата во насока која најмногу ти одговара
- Работиме на проекти „that make a difference“
- Те праќаме на едукации, сертифицирања и конференции
- Се грижиме едни за други: ја имаш поддршката на тимот и менаџерите кои секогаш имаат време за тебе
- Важен ни е интерниот пренос на знаење: можеш да учиш од колегите, да бидеш ментор на проект или предавач на едукации во Кинг Академијата
- Сакаме да се дружиме: повеќе пати годишно имаме тим билдинзи, организираме meet-ups...
- Ја разбираме важноста на балансот помеѓу приватниот и деловниот аспект, го почитуваме твоето време
- Поттикнуваме занимавање со спортски активности: во деловната зграда во која сме сместени се наоѓа еден од најдобрите Fitness & Spa центри во Скопје во кој имаме повластени услови за користење
Доколку сето ова Ви звучи привлечно, а истовремено сте проактивна и високо мотивирана личност, брзо учите и спремни сте за тимска работа, испратете ни ја Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација.