Vrabotuvanje.com - Оператор на машина (за виткање и сечење метални) - Скопје - ОЗОН ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператор на машина (за виткање и сечење метални)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОЗОН ДООЕЛ Скопје


Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

Озон ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:

Оператор на машина (за виткање и сечење метални)

 

Помошник оператор кој ќе се обучува да стане оператор на ЦНЦ пунч преса со Фануц (Fanuc) контрола - автоматизирани и делумно автоматизирани машини за обработка на метали и ги надгледуваат наведените машини и уреди. Со обуката ќе се стекне со знаење за работа во софтвери за припрема на материјалите за обработка.

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Кандидатот е пожелно да има претходно работно искуство на ЦНЦ пунч преса или слична машина
  • Завршено средно образование (Машинско или Електротехничко е предност)
  • Работно искуство од минимум 3 години на машина ќе се смета за предност

За следниве работни задачи:

  • ракување  со  механички,  полуавтоматски  и  автоматизирани машини за виткање и сечење на лим, профили или цевки и надгледување на нивната работа;
  • прости доработки и преправки на податоци за НЦ или ЦНЦ програми, нивно префрлување од персонален компјутер на машина и обратно;
  • работа со алати за машините, нивно одржување, промена и подесување;
  • тековни постапки за одржување на машините, припрема за работа, припрема за прекин со работа и водење евиденција за дневни активности;
  • запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата;
  • основно тековно одржување, чистење и водење детална евиденција;
  • вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати;

Се добиваат следниве услови за работа:

  • Редовни месечни примања
  • Работа во прва смена
  • Организирана исхрана
  • Исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување
  • Награди за квалитетно извршување на работните задачи
  • Можност за вработување на неопределено време
  • Можност за обука и стекнување нови знаења
  • Можност за осигурување 24h од незгода (последици од несреќен случај)
  • Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух
  • Природно осветлување и пријатна работна средина

Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија преку Брзата Апликација или јавете се на телефон: 02 3091212 и закажете го вашиот разговор.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде