АЕРОДРОМОТ ФРАНКФУРТ ПОВТОРНО ВРАБОТУВА
Напомена: За огласот, покрај подолу наведените критериуми, можат да аплицираат единствено кандидати коишто имаат термин за виза во Германска амбасада и/или кандидати коишто имаат европски пасош.
Контекст како договорен партнер на Аеродромот Франкфурт ви нуди долгорочно вработување
на следните позиции:
Ракувач со воздушен товар/ Ракувач со багаж/ Агент
1. Flugzeugabfertiger - РАКУВАЧ СО ВОЗДУШЕН ТОВАР
Вашите задачи:
- Ракување, утовар и истовар на товар од авиони
- Ракување со опасни материи (DGR)
- Возење и управување со возила за утовар и истовар
- Прием и обезбедување на авиони
- Ракување со багаж
- Комуникација и соработка со колегите на работното место
- Задолжително познавање на Германски јазик (минимум А2 ниво)
- Плата од 12.46 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник 125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%
2. Gepäckabfertiger - РАКУВАЧ СО БАГАЖ
Вашите задачи:
- Ракување и утовар на багаж од багажната лента
- Истовар и утовар на багаж од контејнери и приколки
- Кодирање на багажот
- Сортирање на багажот
- Задолжително познавање на Германски јазик (минимум А2 ниво)
- Плата од 12.46 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник 125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%
3. RAMP-AGENT
Вашите задачи:
- Следење и координација на работните процеси на авионот имајќи ги предвид безбедносните прописи
- Обезбедување и прием на потребните документи за летот
- Проверка и по потреба корекција на документите за слетување и полетување
- Подготовка и следење на полетувања и спроведување на придружните административни задачи
- Задолжително познавање на Германски јазик (минимум А2 ниво) и англиски јазик (најмалку Б2 ниво)
- Возачка дозвола е потребна од самиот почеток
- Плата од 14.37 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник 125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%
Профил на кандидатот:
- Познавања по германски јазик како што е наведено во описот на работно место
- Да не сте осудувани – потребно е да се приложи потврда од суд
- Потврда или потврди од работното искуство во последните 5 години
- Мотивираност и желба за учење и надградување
- Подготвеност за работа во смени
- Физичка издржливост
- Здравствена адекватност
- Возачка дозвола Б-категорија
Што нудиме:
- Полно работно време мин. 155 часа
- Месечен план на смени
- Можност за напредување, развој и понатамошна кариера
- RMV месечен билет (работна карта)
- Бесплатен паркинг на работно место
- Попуст на гориво на интерна бензинска пумпа наменета само за вработените
- Кантина
- Фитнес студио
- Попусти за патување
- Работна и службена облека
- Документи за виза
- Обезбедено бесплатно сместување во првите 6 месеци (сместувањето го плаќа работодавачот, кандидатот има трошок во вид на данок од 100 евра месечно. Сместувањето е на пример 550 евра по кандидат, тоа ќе го плати работодавачот, ДДВ на овој трошок си го плаќа кандидатот)
- Доколку кандидатот се пресели во Франкфурт (од место кое е одалечено од Франкфурт od 100 км и повеќе – се мисли и на тие што ќе се доселат од Македонија, FraGround ќе понуди на кандидатот пакет за добредојде (Бонус за преселба од 1.000 евра нето и исплаќање на истиот на 4 рати во текот на првиот месец од вработувањето, бесплатно сместување за првите 6 месеци (се оданочува само паричната помош, транспортни трошоци до 300 € нето)
- Доколку е потребно, преземање на трошоците за превод
- Посредувањето е бесплатно, кандидатите имаат само трошок за вадење на своите лични документи пред нашите институции и превод на истите
За подетални информации, обратете ни се со испраќање на CV преку полето Брза Апликација, или на телефон: 078 274 420.