Vrabotuvanje.com - Специјалист за човекови ресурси - Битола - ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за човекови ресурси

Битола

Рок за пријавување:

  • ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје
 

Вработување ХР Солутионс, за потребите на реномирана компанија од прехранбена индустрија со претставништво во Скопје и производствен погон во Битола, бара искусен

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕКОВИ РЕСУРСИ
(за работа во Битола)

позиција со одговорност за следење на сите функции на човечки ресурси, преку спроведување на политиките за човекови ресурси на компанијата, одржување на ажурирана евиденција за вработените и обезбедуваат здраво работно место преку процедури за човековите ресурси. 

 

Главни одговорности:

  • Развивање и имплементирање на стратегија на човекови ресурси
  • Администрација на вработените, усогласеност со законите и комуникација со релевантни институции
  • Изработување планови за идни вработувања, водење на процедури за регрутација и селекција за нови вработени, спроведување на пријави и одјави при Агенција за вработување на РСМ
  • Континуирано одржување на Персонални досиеја на вработените
  • Изработка и ажурирање на Договори за вработување, Решенија за Г.О., евиденција на боледувања и други потребни документи
  • Редовно ажурирање на податоци за пресметка на плата
  • Ориентирање и насочување на ново – вработени
  • Координација на процесот на престанок на работниот однос на вработени.

потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Планирачки и организациски способности
  • Одговорна, посветена и стабилна личност
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
  • Способност за работа под притисок и во рокови.

очекувани квалификации:

  • ВСС  - предност општествени науки
  • Поседување на најмалку 2 годишно предходно работно искуство во областа
  • Искуство во изработка на документи од областа на работните односи
  • Познавање на важечката законската регулатива од областа на работни односи
  • Напредно владеење на Англиски јазик (усмена и писмена комуникација) и MS office.

ние нудиме:

Постојана позиција и напредување во прехранбената технологија, со полно работно време во компанијата што вклучува конкурентна плата и бенефиции.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација, со: Мотивационо Писмо и тековна Биографија.

Апликациите ќе се прифаќаат до 30.07.2022 година

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

Ви благодариме за вашиот интерес.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде