ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија од Индијана, САД со седиште во Скопје (Инџиково) има отворена работна позиција: Техничар за одржување
Работната позиција опфаќа:
- Вршење поправки и одржување машини во исправна состојба, со цел да се обезбеди правилно функционирање;
- Навремено извршување на рутински проверки и одржувања;
- Вршење на корективни поправки;
- Идентификација на резервни делови, потребни за одржување на системот во добра состојба;
- Употреба на алат потребен за процесот на одржување;
- Правилно решавање на проблеми во однос на утврдените грешки на машината
Професионални знаења и способности:
- Основни познавања од електротехника;
- Основни познавања на автоматика;
- Основни познавања од пневматика;
- Основни машински познавања;
Задолжително образование и искуство:
- Завршено минимум средно образование – насока: електротехничар;
- Познавање англиски јазик;
- Искуство во одржување и поправка на машини - минимум 1 год.
- Поседување основни компјутерски вештини ќе се смета за предност;
Теламон нуди:
- Работно време во 2 смени 06:00-14:00 т.е. 14:00-22:00 (понеделник до петок)
- Можност за кариерен и личен напредок;
- Постојано учење и надградување;
- Организиран превоз до работно место од Скопје;
Вработувањето во "Теламон-Европа" е взаемна врска на доверба и сигурност. Имаме должност да се грижиме кон вработените, а должност на вработениот е да ги изврши законските и разумни наредби на Теламон-Европа.
Ги охрабруваме припадниците на сите општествени групи да аплицираат соодветно на барањата на позициите.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со целосна доверливост.
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Секој заинтересиран кандидат во своето резиме потребно е да ја наведе позицијата за која аплицира.