ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за автомобилската индустрија од Индијана, САД има потреба од работници за отворена работна позиција во оддел Производство.
Во Теламон, фокусот е во деталите на секој проект, а индустриските решенија го отелотворуваат ова верување до самата срж.
Нашиот стил на работа е дефиниран од нашите корпоративни вредности: H2S2 - искреност, хармонија, едноставност и менторство.
За таа цел, за поддршка на нашата фабрика во Скопје (Инџиково), во потрага сме по Специјалист за човечки ресурси, кои ги делат нашите вредности.
Основни обврски и одговорности:
Севкупна одговорност за административните работи, регрутација и поддршка во изработка на документи и договори, општи ЧР услуги.
Работната позиција опфаќа:
- Сите општи административни работи поврзани со човечки ресурси;
- Подготовка, развој и имплементација на постапки и политики;
- Го организира и спроведува процесот на вработување, врши регистрација на нови вработени во Агенцијата за вработување, Фондот за здравство на Република Македонија;
- Ги следи потребите на друштвото и обезбедува непречен тек на регрутација;
- Ажурирање на евиденцијата на вработените со нови информации и / или промени во статусот на вработување;
- Координирање на организиран превоз за вработени;
- Придонесува кон заложбите на тимот за остварување на резултати, учествува во развој на целите на одделот.
Потребни знаења и вештини:
- Одлични вербални и комуникациски вештини;
- Способност за работа во тим и самостојно;
- Насоченост кон постојан развој и подобрување на сопствените вештини и знаења;
Потребно образование и искуство:
- Минимум 2 години работно искуство на иста/слична позиција, работа во мултинационална компанија за производство ќе се смета за предност;
- Напредно познавање на MS Office Suite;
- Напредно познавање на англиски јазик (пишување и зборување).
- Високо образование - предност општествени науки
Теламон нуди:
- Можност за кариерен и личен напредок;
- Флексибилно работно време;
Вработувањето во "Теламон-Европа" е взаемна врска на доверба и сигурност. Имаме должност да се грижиме кон вработените, а должност на вработениот е да ги изврши законските и разумни наредби на Теламон-Европа.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со целосна доверливост.
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.