ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје – регионална компанија со дејност трговија со малопродажни објекти, објавува оглас за регрутирање на професионални кадри – потенцијални кандидати за позицијата:
СУПЕРВИЗОР НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НОВ МАРКЕТ (ВЕРО И ЏАМБО) ВО КУМАНОВО
Главни одговорности:
- Комуникација со добавувачи (правење нарачки)
- Следење на квалитет на производи и рокови
- Отпис на неквалитетна роба
- Дневни и месечни извештаи
- Проверка на декларации на производи
- НАССР извештаи за температура на фрижидери, комори и следење на хигиена
- Организирање на вработени (грижа за изглед и хигиена, нивна обука и организирање на смени)
- Комуникација со потрошувачи (понуда на акциски производи)
- Менување на цени на производи и нивно обележување
- И други активности и одговорности доделени од раководно лице
Потребни квалификации, способности и вештини:
- Минимум ССС
- Управувачки и организациони вештини, тимска работа
- Работно искуство на иста/слична позиција ќе се смета за предност
- Добро познавање на англиски јазик
- Добро познавање на MS Office пакетот, Excel
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација
со назнака за позицијата “Супервизор на одделение за нов маркет (Веро и Џамбо) во Куманово”