Vrabotuvanje.com - Молекуларен биолог - Велес, Росоман - Синцеритас АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Молекуларен биолог

Велес, Росоман

Рок за пријавување:

  • Синцеритас АД Скопје

Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
 
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

сИНЦЕРИТАС ад ИМА ПОТРЕБА ОД
 

мОЛЕКУЛАРЕН БИОЛОГ

ОПИС НА РАБОТАТА:

  • Пишување на протоколи за одгледување;
  • Следење на процесот на одгледување и одобрување на промени во начинот на одгледување, врз основа на научни сознанија;
  • Подготовка на стандардни оперативни процедури согласно GACP и обука на операторите; 
  • Водење записи за производни постапки, инструменти, согласно барањата на системот за квалитет;
  • Извршување и завршување на бараните експерименти за истражување и развој на растението во тимска средина;
  • Претходно искуство во работа со растително ткиво/клеточна култура (асептички услови), подготовка на узорци, ракување со стаклени садови, чистење, автоклавирање и подготовка на медиуми;  
  • Претходно искуство во молекуларна биологија при истражување на растение, молекуларно клонирање, полимеразна верижна реакција, дизајн на подлога, векторска конструкција, секвенционирање, секвенцна анализа на податоци, електрофореза со гел, екстракција и пурификација на ДНК;
  • Следење на трендови во селекција на растителни видови, и воведување на нови техники на одгледување;
  • Работа со и одржување на лабораториска опрема/инструменти;
  • Одржување на лабораториската документација на високо-квалитетно ниво, во согласност со применливите регулаторни водичи, како и Стандардните оперативни процедури;
  • Документирање на резултатите од експериментите, анализирање на податоци, документирање и одржување на податоците за сериите, итн.;
  • Предлагање на иновативни методи на работење, како и подобрување на методите и процедурите со цел подобрување на работната ефикасност и примена на најнови;
  • технологии. Консултирање со литература со цел добивање основни информации поврзани со експериментот;
  • Развивање нови методи и работење со цел подобрување на ефикасноста на постоечките методи и поставените Стандардни оперативни процедури;
  • Асистирање при следење на употребата и залихите, одржување соодветна лабораторија;
  • Следење на технички достигнувања во молекуларна биологија на канабис;
  • Изведување/Асистирање при испитување на експериментални резултати, дефекти на инструментите, и методолошки проблеми;
  • Други одговорности кои се однесуваат на квалификациите и вештините на вработениот.

​ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, способности и вештини:

  • Образование: M.Sc. (биологија на растенија, молекуларна биологија, фармација) со 1-2 години искуство, или B.Sc. (биологија на растенија, култура на ткива или молекуларна биологија) со 3-5 години работно искуство;
  • Потребно е најмалку две години работно искуство со биологија на растенија или молекуларна биологија и/или култура на ткива;
  • Претходно искуство во одгледување на растенија во внатрешни услови (пожелно канабис за медицинска употреба);
  • Пожелно е искуство со валидација на методи, усогласување со норми и работни практики на GMP, пишување стандардни оперативни процедури;
  • Потребна е докажана способност за организирање и приоретизирање на работата со цел постигнување ефикасност при работењето;
  • Потребно е особено внимание на детали за секое извршување на задачите;
  • Докажана способност за ефикасна употреба на Microsoft Office пакетот.  
     

Работно време и место каде се извршува работата: Фабрика за производство во Росоман.
 

​​Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде