Магнетик ДООЕЛ е водечка компанија во регионот во областа на малопродажба на мода, со 22 франшизни продажни салони, еден мултибренд, два аутлет продажни салони, сите сместени во центарот на Скопје, во Рамстор мол, во Сити мол и East Gate, како и два угостителски објекти Амигос Центар и Амигос Љубљанска во составот на Сити мол. ДПТУ Магнетик ДООЕЛ Скопје, за работа во франшизни продажни салони во Рамстор, Сити мол и Ист Гејт, има потреба од:
РАКОВОДИТЕЛ (МЕНАЏЕР) НА ПРОДАЖЕН САЛОН - Yamamy Ramstore
Потребни квалификации:
- Високо образование
- Минимум 3 години работно искуство во менаџирање на продажба
- Одлично познавање на англиски јазик
- Поседување компјутерски вештини
- Комуникативност, организираност, работа со тим
Одговорности и задачи:
- Организирање на целокупната работа на продажниот салон од прием на роба до продажба
- Организирање на персоналот, делегирање работни задачи и следење на нивно спроведување
- Давање повратна информација
- Учество во продажба
- Следење и спроведување на сите законски прописи поврзани со работењето на продажниот салон
- Комуникација со матични брендови и со управата на компанијата
Способности и професионални вештини:
- Изразени комуникациски способности
- Желба за учење и надградување на индивидуалните способности
- Подготвеност и мотивираност за тимска работа
- Ориентираност кон потреби на купувачи
- Поседување на продажни техники и преговарачки вештини
- Позитивен однос
- Трудољубивост
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.
Повеќе информации за компанијата погледнете на нашата веб страна www.magnetik.com.mk