СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!
Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.
АСИСТЕНТ ВО ОДДЕЛ КОНТРОЛИНГ, СЕКТОР ФИНАНСИИ
Реон: Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (Економски факултет);
- Познавање и активно користење на MS Office (excel, power point, word);
- Познавање на Англиски јазик;
- Одлични комуникациски и организациски способности;
- Мин. 2 години претходно работно искуство во контролинг ќе се смета за предност.
- Аналитика и известување;
- Почитување на рокови и следење на таргети.
Работни обврски:
- Учество во подготовка на бизнис планови;
- Анализа на остварени резултати наспроти планирани;
- Изработка на извештаи за профитабилност на прозиводи и купувачи;
- Подготовка на извештаи за трошоци;
- Предлози за подобрување на процесите.
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.