Vrabotuvanje.com - Специјалист за набавка на амбалажа во сектор набавки - Скопје - РЕПЛЕК
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за набавка на амбалажа во сектор набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • РЕПЛЕК

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

 

Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание,  придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.

Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА АМБАЛАЖА ВО СЕКТОР НАБАВКИ
Реон: Скопје​

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (Економски, Технолошки, Фармацевтски факултет);
  • Познавање и активно користење на MS Office (excel, power point, word);
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Одлични комуникациски, организациски и преговарачки способности;
  • Способност за работа во тим.

Работни обврски:

  • Учествува во спроведување и реализирање на барањата за набавки на амбалажа;
  • Воспоставува контакти и активна коресподенција со добавувачи, странски и домашни партнери;
  • Активно учествува во ажурирање, средување и чување на документација;
  • Придонесува во дефинирање и спроведување на стандарди и процедури;
  • Учествува во реализација на квартални и месечни планови за набавка;
  • Прави анализа и извештаи за спроведените набавки на амбалажа.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк;

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде