Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Lycamobile
Мисијата на Lycamobile е да ги поврзе пријателите и семејството околу целиот свет. Како најголем светски меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор (MVNO), Lycamobile обезбедува ниска цена, интернет со висок квалитет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји. Со самото проширување нуди широк спектар на финансиски и туристички услуги, вклучувајќи ги и Lycamoney и Lycafly, кои им помагаат на луѓето да контактираат преку границите. На македонскиот пазар веќе неколку години семејството на Лајкамобајл е во пораст, преку понуда која вклучува пакети со мобилни комункациски услуги достапни по атркативни цени и врвен квалитет.
Како резултат на зајакнување на нашите деловни операции, во потрага сме по член на позицијата:
АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ- СКОПЈЕ
Главни одговорности:
Промоција и продажба на сите продукти на Компанијата;
Директна комуникација со Клиентите и понуда на услугите на Компанијата;
Планирање, организација и изведување на промоциони и маркетинг настани;
Делење на промоциони и маркетинг материјали со цел соодветно информирање на клиентите за продуктите и тековните понуди на Компанијата;
Теренска работа на штанд во различни градови во државата според потребите на работниот процес.
Квалификации:
Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини;
Организациски и аналитички способности;
Динамични, иницијативни и насочени кон резултати;
Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
Одговорна, мотивирана и стабилна личност;
Способност за индивидуална и тимска работа;
Флексибилност за работа на терен;
Возачка дозвола Б категорија.
Што нудиме:
Работа во динамична и пријатна канцелариска работна атмосфера полна со интересни предизвици, во сектор телекомуникации и интернационална компанија
Работно време од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот
Почеток со работа – веднаш или по договор
Доколку се гледате себеси во наведениот профил на кандидат Ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација задолжително со назнака „За агент за продажба и маркетинг (Скопје)”.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!