Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ПИ Кристал 1923 а.д.
Прехранбената индустрија „ПИ Кристал 1923 АД Велес“ од Велес веќе 90 години е синоним за квалитет. Нема домаќинство во Македонија во кое нашите производи немаат свое место. Денеска ПИ Кристал 1923 АД Велес е модерен прехранбен капацитет, во кој целокупниот производствен процес се одвива во строго контролирани услови што претставува најдобра гаранција за безбедноста и квалитетот на секој производ кој излегува од нашата фабрика.
Во моментов, имаме потреба од вработување на:
економист
Услови за конкурирање на огласот се:
Високо образование — Дипломиран Економист;
Претходно работно искуство;
Познавање на Microsoft 0ffice пакет;
Комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, професионалност, точност, аналитички способности и способност за тимска работа.
Работни задачи:
Изготвување, прибавување и доставување на соодветна документација
Давање предлози за најоптимални решенија при склучување на сите видови на договори
Давање правни совети и останати правни работи
Личен профил:
Комуникативна и одговорна личност
Тимска работа и професионален однос
Самоиницијативност и посветеност на работа
Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!