Ги следи инструкциите, упатствата и процедурите за контрола на квалитетот, ракување со опремата, развивање и анализа на статистички податоци. Работното време се одвива во три смени. Нето платата за работното место изнесува од 26.500 до 28.500 денари. додека Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење во висина од една плата.
Kвалификации на кандидатот:
- CCC/IV степен стручна подготовка (хемиски, градежен техничар или гимназија)
- Без работно искуство (претходно работно искуство ќе се смета за предност)
- Одлично познавање на MS Office пакетот
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши преку полето Брза Апликација
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.