Изработува планови за ремонти и други поголеми зафати на опремата, планира и подготвува проекти поврзани со инвестиции, активно учество во анализа за детектирање на причините за дефект на опремата, се грижи за собирање и систематско документирање на секаков вид на документација за опремата, техничка валидизација на завршени активности од надворешни фирми, итн. Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место изнесува од 36.000 до 45.000 денари, додека Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
- ВСС/VII степен образование, Електротехнички факултет
- Работно искуство од 3 години во одржување ќе се смета како предност
- Одлично познавање на МS Office, AutoCAD
- Одлично познавање на англиски јазик
Конкурентски предности:
- Безбедносно однесување
- Техничка експертиза
- Превентивно, предвидливо, проактивно одржување
- Планирање и организирање
- Донесување на одлуки и решавање на проблеми
- Флексибилност и адаптибилност во тимското работење
- Способност да се работи на повеќе задачи истовремено, независно или како дел од тим
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши преку полето Брза Апликација
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.