СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!
Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.
КООРДИНАТОР ВО СЕКТОР ПРОИЗВОДСТВО
Реон: Скопје
Потребни квалификации:
- Високо образование (Фармацевтски, Технолошки факултет-Биотехнологија). Предност за кандидати со Фармацевски факултет.
- Подготвеност за работа во две смени.
- Одлични организациски и комуникациски способности.
- Познавање на Англиски јазик и MS Office.
- Подготвеност и желба за надоградба.
Работни обврски:
- Координација на активности за вклучување и имплементација на стандардите за квалитет во својата организациона единица.
- Одговара за уредно водење на документацијата во производство и за реализацијата на годишни, квартални и месечни планови за производство.
- Поднесува барање за лансирање на нов производ.
- Координира земање на брисеви за микробилошка контрола пред започнување со нов производ.
- Врши контрола на секоја произведена серија и ја потврдува исправноста на производниот процес и квалитетот на производот.
- Координира прием и контрола на примарен и секундарен паковен материјал, суровини, меѓупроизводи, полупроизводи, балк производи и готови производи.
- Одговара за применување на принципите за GMP работење.
- Се грижи за вработените во тимот, нивна обука и развој, редовност и дисциплина.
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.