Vrabotuvanje.com - Координатор за безбедност и здравје при работа - Скопје - РЕПЛЕК
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Координатор за безбедност и здравје при работа

Скопје

Рок за пријавување:

  • РЕПЛЕК

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

 

Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание,  придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.

Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.

КООРДИНАТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Реон: Скопје​

Потребни квалификации:

  • Високо образование, и сертификат за положен испит за Стручно лице за БЗР издаден од Министерство за труд и социјална политика;
  • Способност за поставување на приоритети според важноста и итноста на задачите;
  • Познавање, почитување и примена на важечки закони, прописи и професионални стандарди што се применуваат во областа на безбедност и здравје при работа;
  • Активно користење на MS Office (excel, power point, word);
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Комуникациски и организациски способности;
  • Анализа и известување.

Работни обврски:

  • Следење, имплементација и усогласување со законските барања за БЗР;
  • Комуникација со институции од областа на трудот, заштита и спасување;
  • Имплементација, одржување и постојано подобрување на систем за БЗР;
  • Идентификација на потенцијални ризици на работни места и превземање на мерки за превенција од несреќи и изготвување на корективни акции;
  • Изработка на интерни процедури и упатства за работа;
  • Изготвување и редовно спроведување на програми за обука и развој на вработените.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк.

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде