DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија.
Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
DS SMITH СКОПЈЕ ВРАБОТУВА:
ИНЖЕНЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Потребни квалификации:
- ВСС – Машински факултет
- Поседување на минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на користење на компјутер – MS Office
- Поседување на возачка дозвола Б - категорија
Потребни способности и вештини:
- Одлични организациски способности
- Способност за работа во тим
- Мотивирана и стабилна личност
- Иницијативност и посветеност кон резултати
- Способност за поставување на приоритети и работа во дадени рокови
Работни задачи и одговорности:
- Детектирање и отстранување на машински дефекти на производствени машини
- Одржување и сервисирање на транспортни системи
- Учење на нови процеси
- Користење на техничка документација
- Развивање на планови и имплементација на нови методи со цел подобрување на работењето и намалување на трошоци
- Поставување на планови за превентивно одржување на машини
- Следење на процедури за безбедност и здравје при работа
- Одлични услови за работа
- Атрактивни месечни примања
- Месечни бонуси согласно остварени таргети
- Обезбеден оброк за вработените
- Програма за наградување на вработените
- Можности за напредување
Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, сте флексибилни, спремни за учење и напредок во кариерата
АПЛИЦИРАЈТЕ !
преку полето Брза Апликација не подоцна од 15.09.2022
Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.