Vrabotuvanje.com - Администратор за човечки ресурси - Скопје - ФЕНИКС Фарма
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФЕНИКС Фарма

 
ФЕНИКС Фарма ДООЕЛ Скопје е водечка веледрогерија на локалниот пазар и е член на германската групација PHOENIX, која е присутна во 25 земји ширум Европа. Водејќи се од нашата визија да бидеме најдобриот интегриран давател на здравствени услуги, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.
 
Доколку сте прилагодливи, амбициозни, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
 
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
 
 
Обврски и одговорности:
  • Учествува во имплементација на корпоративните активности, процеси и процедури поврзани со човечки ресурси
  • Спроведува постапки за регрутација, селекција и вработување според планот и потребите на организацијата
  • Води кадровска евиденција и администрација на вработените, одржување на базата на вработени и нивните досиеја
  • Подготовка на договори и сите останати документи за вработени
 
Потребни квалификации, вештини и способности:
  • ВСС: за предност ќе се смета факултет од областа на правни науки, психологија, општествени науки
  • 1 година работно искуство во областа на човечки ресурси
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Високо ниво на професионалност и дискретност
  • Способност да работи ефективно самостојно и како дел од тим
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
 
Работниот однос за позицијата првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Работното време е од 07:30 до 15:30 часот, од понеделник до петок.
 
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава  преку полето Брза Апликација.
 
Рокот за пријавување е 14 дена од датумот на објавување на огласот.
 
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. 
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи. 
 
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот. 
 
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок преку полето Брза Апликација.
 

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде