Vrabotuvanje.com - Финансиски аналитичар - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Финансиски аналитичар

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,  
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата 
 
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
 
објавува оглас за вработување на
 
Финансиски аналитичар
 
Избраниот кандидат ќе биде одговорен за навремено затворање на билансите, составување на финансиските извештаи на Друштвото, нивна анализа и контрола како и за соодветни смеководствени книжења. Анализа на трошоци и подготовка на други потребни извештаи. Подготовка на месечната ДДВ пријава, пресметки и реализација на данок на личен доход на физички лица, задржан данок итн, и континуирано следење на промените во законската регулатива и нивното спроведување во работењето на Друштвото. Ќе биде вклучен во подготовка на буџети, ревидирани буџети, стратешки планови и презентации. Ќе биде активно вклучен во транзицијата на применливиот сметководствен  систем на Друштвото во САП системот.
 
Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место е од 45.000 до 60.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и бонус за успешно работење.
 
 
Квалификации:
  • ВСС/VII степен образование, Економски факултет
  • Овластен сметководител
  • Минимум 3-5 години релевантно искуство во вршење на финансиско и менаџерско сметководство со познавање на: 
  • Законската регулатива, 
  • Меѓународните сметководствени стандарди кои се применуваат во Република Северна Македонија, како и целосните МСФИ и
  • Контрола и буџети, ревидирани буџети и стратешки планови и презентации.
  • Одлично познавање на МS Office апликациите
  • Познавање на САП ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на англиски јазик
 
Конкурентски предности:
  • Солидни аналитички способности и прецизност во работењето   
  • Донесување на одлуки и решавање на проблеми
  • Флексибилност и адаптибилност во тимското работење
  • Способност да се работи на повеќе задачи истовремено, независно или како дел од тим
  • Добри комуникациски и организациски способности


Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата 
на Цементарница УСЈЕ преку полето Аплицира.ј

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде