ОГЛАС
РЕФЕРЕНТ ЗА ЛОГИСТИКА
ЗА НАС
Ние уредуваме, реновираме, дизајнираме и испорачуваме целосно корисничко искуство за клиенти со невидени технологии и дизајни од светски брендови. KC HOME е модерен концепт кој нуди разновидни производи и услуги, вклучувајќи керамика, санитарија, кади и туш кабини, текстил и слични производи. Со докажано 30 годишно искуство и со посветен тим, KC HOME by Kaleceramica обезбедува иновативна атмосфера овозможувајќи професионален развој.
НУДИМЕ
Создавање амбиенти со современи дизајни, технологии и архитектура. Конкурентна плата врз основа на вашите вештини и искуства, како и бонус план. По платената пробна работа, следи долгорочен договор.
ОЧЕКУВАМЕ
Aмбициозни, сериозни и вешти вработени. Следење на сите политики и процедури на корпорацијата. Одржување на доверливоста на сопственичките информации, заштита на имотот на корпорацијата. Очекување на клиентите според стандардите на компанијата. Наоѓање решение и одговори на потребите на клиентите. Комуницирање со другите користејќи јасен и професионален јазик, користејќи соодветен бонтон. Вашиот личен изглед треба да биде чист и професионален. Одржување позитивни работни односи со другите; тим за поддршка за постигнување заеднички цели. Вршење обврски и работни должности како што се барани од супервизорите.
Оддел: Логистика и Сметководство
Локација: Визбегово
ОДГОВОРНОСТ И СТРУЧНОСТ ЗА ПОЗИЦИЈАТА
Внесување на примениот материјал во систем по извршена контрола. Отварање на работни налози. Внесување-отварање на нови нарачки. Организирање и одржување на магацински простори за складирање. Лоцирање залихи во систем. Организирање на дистрибуција на нарачките и обезбедување навремена испорака. Прием, контрола и складирање во магацин. Одлично познавање на производите во магацин. Комуникација со вбратотените во продажба и дистрибуција околу навремено и соодветно спремање на нарачките за испорака. Поднесување извештај за интерната динамика. Издавање на готов производ и креирање соодветна документација и проверка на нарачки пред испорака. Проверка на сметководствени евиденции. Подготвување на извештаи за состојбата во магацинот. Доставување на месечните извештаи до финансискиот оддел и други административни задачи. Репрезентативен претставник на компанијата и добра презентација на концептот на KC HOME.
АПЛИЦИРАЊЕ
Аплицирањето треба да биде со наслов “Референт за Логистика - (Име и Презиме на Kандидатот)”. Треба да наведете одговор на прашањето: “Зошто аплицирате во оваа област, и зошто мислите дека вие треба да се квалификувате?”. Доставување на CV треба да се изврши преку електронска форма преку полето Брза Апликација или на https://kchome.mk/kariera/.
Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 15.09.2022 година. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Приклучи се на нашата мултикултурна екипа и биди дел од светскиот концепт.