Vrabotuvanje.com - Процес инженер (оддел лиена пластика) / Proces engineer (Injection Molding) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Процес инженер (оддел лиена пластика) / Proces engineer (Injection Molding)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
 
ПРОЦЕС ИНЖЕНЕР (оддел лиена пластика) / PROCES ENGINEER (Injection Molding)
 

Работни задачи и одговорности:
  • Одговорен за дизајнирање, спроведување, контрола и оптимизирање на индустрискиот процес за кој  е задолжен
  • Врши надзор над процесите и оптимизацијата на производната линија
  • Асистира во одлучувањето за набавка на нова опрема, машини и алати
  • Врши постојана евалуација на опремата, алатите и машините, со цел одржување на ефикасноста и квалитетот на производниот процес
  • Врши постојани контроли на процесите и се грижи да релните процесни параметри бидат во сооднос со системските (SAP)
  • Врши постојани контроли на произодите од поглед на усогласеност со пропишаните барања за производите 
  • Се грижи за ажуриранје на променит во процесните параменти истите ги одобрува и внесува во систем 
  • Врши редовни обуки  за појавени одстапување од процесот со процес техничарите и сетерите 
  • Врши редовни анализи на скрап и превзема акции за нивно  спроведување со цел намалуванје на скрапот
  • Води грижа за новите пректи иимлементација на истите во системот и ги ажурира податоците во базите на податоци за потребите на леењто на пластични компоненти
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од машинска струка
  • Најмалку 3-годишно искуство во производна средина, пожелно на работи и задачи како Процесен инженер
  • Работа со (SPC, ISHIKAWA, 5 Why, Six Sigma)
  • Познавање на OEE
  • Искуство со Cost reduction
  • Способност за  решавање на проблеми
  • Познавање на Microsoft Office производи посебно Excel (Word,  Power Point и E-Mail - Outlook);  
  • Познавање на AutoCAD или слични софтвери ке смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за “Процес инженер (оддел лиена пластика) / Proces engineer (Injection Molding) "преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде