Vrabotuvanje.com - Графички дизајнер - Битола - ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Графички дизајнер

Битола

Рок за пријавување:

  • ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје
 

Вработување ХР Солутионс, за потребите на реномирана компанија од прехранбена индустрија со претставништво во Скопје и производствен погон во Битола, бара искусен

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
(за работа во производниот погон на фабриката во Битола; м/ж)

кој, како клучна улога за компанијата, ја врши целата кореспонденција и деловна комуникација со фабриките за амбалажа и со деловните клиенти во процесот на развој на дизајнот и процесот на печатење на амбалажата од идеа до финален производ. Асистира на тимот за набавка и продажба во секторот на планирање на амбалажата и нејзино печатење. Исто така е задолжен за основна ИТ поддршка на интерни корисници – вработените во компанијата.

Главни одговорности и обврски:

  • Комуникација со клиенти за пресретнување на нивните потреби и барања
  • Комуникација со печатници за амбалажа
  • Анализа и планирање на залихи на амбалажи, правење на пресметки на трошоци
  • IT поддршка на интерни корисници, софтверско и хардвер управување и одржување.

Очекувани квалификации:

  • ВСС - предност е високо образование поврзано со дизајн/графика ( доколку е диплома од високо образование со неповрзана област/насока, потребен е и положен специјализиран курс за графички дизајн)
  • Пожелно минимум 2 години работно искуство со графички дизајн и познавање на процесот за печатење на амбалажа
  • Работно користење на англиски јазик, предност е познавање и на други странски јазици
  • Користење на MS Office пакет, одлично владеење со софтвери и ИТ опрема.

Потребни способности и вештини:

  • Ориентираност кон детали
  • Напредни способности во деловна комуникација
  • Развиени аналитички и способности за управување со време и приоритети, работа под притисок
  • Иновативност, креативност и иницијативност
  • Организациски способности, висок степен на одговорност и тимска соработка
  • Ефикасност и флексибилност во работењето
  • Желба за постојано учење, лично и професионално надоградување.

ние нудиме:

Постојана позиција и професионален развој во прехранбената индустрија, со полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок што вклучува конкурентна плата и бенефиции.


Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација, со: Мотивационо Писмо и тековна Биографија.
Апликациите ќе се прифаќаат до 26.09.2022.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде