КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
Координатор за SAP PM во оддел oдржување на обејкт (SAP PM Coordinator -Facility Preventive Maintenance)
Работни задачи и одговорности:
- Административна поддршка на тимот за одржување на објект, осигурувајќи се дека целата административна работа е извршена почитувајќи ги здравствените и безбедносните барања во согласност со сите политики и процедури на компанијата
- Раководење со целокупната администрација и комуникација во одделот за одржување на објект
- Асистенција во развојот и спроведувањето на политиките и процедурите за оддржување во одделот
- Следење и анализа на бројките за перформансот на оделот за одржување
- Изведување анализи на собрани податоци, извештаи и одржување на потребната документација
- Постојана координација со техничкиот тим од одделот за одржување и подготовка на упатствата за работа за самиот оддел
- Континуирано одржување и развој на SAP PM системот за одделот одржување
- Одржување на базата за податоци и документацијата за одделот за одржување, управување со релевантни информации и КПИ на одделот за одржување
- Усогласување со безбедносните прописи за одржување на чисти и уредени работни места
- Проверка и контрола и пополнување на целата документација поврзана со одделот за одржување
- Контролирање и следење на статусот на релевантни информации во SAP PM системот
- Контакт со други оддели внатрешно во КОМАК и со остантатите оддели од КОСТАЛ групацијата
- Дефинирање на стандардите во соработка со другите оддели
Образование, искуство, вештини:
- CCC/ВСС од техничките струки
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail)
- Искуство со работа во SAP ќе се смета за предност
- Претходно работно искуство во автомобилската индустрија ќе се смета за предност
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар
- Здраво и безбедно работно опкружување
- Приватно здравствено осигурување
- Сигурност на вработувањето
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан