Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Скопје - НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Сметководител - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје

БИДИ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

Локација: Скопје
 

Нептун Македонија е во потрага по Сметководител кој ќе биде задолжен за прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водeње трговски/деловни книги и финансиски извештаи, контролирање на целокупната влезно-излезна документација почитувајќи ги законските прописи врзани за сметководството. Правилно и ажурно книжење на добиената документација, проверка на аналитички картички. Усогласување на книговодствената документација, како и усогласување на материјалното книговодство со финансиското.

Целта е да се придонесе за целокупното ефикасно работење на одделот, а со тоа и остварување долгорочен успех на компанијата преку носење правилни одлуки.

Потребни квалификации:

  • ВСС, Економски факултет
  • Минимум 2 години искуство во сметководство
  • Добро познавање на меѓународните сметководствени стандарди и на македонската сметководствена регулатива
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен) и MS Office програмите
  • Високо ниво на одговорност, способност за запазување детали и организираност
  • Позитивен став и тимска ориентација

Доколку си вешт со бројки и внимаваш на детали, а сметководството е твоја определба, те покануваме да аплицираш и да станеш дел од нашиот успешен професионален тим!


ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!
 

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци
  • Можност за развој и напредување
  • Работно време: понеделник-петок; 08:00 – 16:00 часот

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде