Vrabotuvanje.com - Продукт менаџер - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Продукт менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • АЛМА - М ДООЕЛ

Ние во Алма-М веќе 31 година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Објавува ОГЛАС за следната работна позиција:

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

 
позиција: ПРОДУКТ МЕНАЏЕР
датум на објава: 26 Септември 2022
рок за пријавување до 9 Октомври 2022
број на оглас: О-220926-А-БМ
сектор: Општи работи
 
 
Работни задачи:
  • Анализира залихи на сите артикли во магацин за одржување на оптимално ниво,
  • Прави нарачки за одржување на оптимална залиха за брендови за кои е одговорен/а,
  • Изработка и следење на ООС извештај,
  • Следи залиха во магацин со критични рокови и информира за нивно решавање,
  • Остварува комуникација со сите принципали,
  • Следи состојба на декларирани производи и декларации и дава налог за изработка на истите,
  • Изготвува извештаи,
  • Внесува продажна цена за артикли во систем,
  • Организира транспорт за нарачана роба и обезбедува потребна документација за увоз,
  • Следи договорени промо планови и годишни планови,
  • Следење и контрола на инвестиции за продажба,
  • Ажурирање на ценовници за сите дивизии.
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум завршено високо образование,
  • Одлично познавање на англиски јазик,
  • Познавање и работа со Мајкрософт Офис, особено Ексел,
  • Одлична комуникација и професионално однесување,
  • Организирана, динамична, проактивна, мотивирана и стабилна личност насочена кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Висока способност за размислување и истражување независно, аналитички и креативно,
  • Ефикасно управување со време, 
  • Чувствува комоција во околина со брзо темпо на работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Познавање на ЦФМА софтвер ќе се смета за предност.
 
Потребно искуство:
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
Напомена:
Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
Ве молиме без телефонски јавувања
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде