ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ИНЖЕНЕР ЗА ФИНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА
Инженерот за финална инспекција е одговорен за финалната проверка на квалитетот на автобусот: инспекциска книга, визуелна проверка, функции, тест возење, воден тест, повторна проверка по исправка на забелешките.
- ВСС Машински факултет;
- Мора да поседува возачка дозвола за возење на автобус;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Способност за прецизна работа со детали;
- Способност за работа под притисок и кратки рокови.
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места