Vrabotuvanje.com - Оператор во кол центар за шведски јазик - Скопје - НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператор во кол центар за шведски јазик

Скопје

Рок за пријавување:

  • НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА

NTH Group е водечки европски AISP (Application and Infrastructure Service Provider) со седиште во Швајцарија и со локални канцеларии во неколку европски земји.

Како глобален провајдер, ние доставуваме деловни решенија за размена на пораки за големи, средни и мали претпријатија. Сите наши решенија се развиени „in-house“ од страна на вработените стручни лица, токму затоа што сакаме да им обезбедиме на нашите клиенти најсигурни услуги.

Обезбедуваме првокласни СМС, ММС, гласовни и интернет технологии за познати брендови и корпорации ширум светот, а истовремено секојдневно го зголемуваме квалитетот на нашите услуги создавајќи возбудливи иновации.

Нашето најголемо богатство се нашите вработени и нашата корпоративна култура во која знаењето, вештините, храброста, способноста за организирање и тимскатата работа нè мотивираат да одиме напред. Ние се грижиме за нашите вработени и им овозможуваме личен и професионален развој!

Во моментов го прошируваме нашиот Call Center тим и бараме уште еден оператор за шведски јазик!

Оператор во кол центар за шведски јазик

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • примање и обработка на кориснички барања по e-mail или телефон
  • координација со други сектори
  • подготовка на неделни и месечни извештаи
  • други работи поврзани со превод и администрација на наведениот јазик

ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:

  • напредни комуникациски вештини и познавање на шведскиот јазик
  • пожелно е познавање на англиски јазик
  • компјутерски вештини
  • упорност и лична иницијатива

НУДИМЕ:

  • можност за напредување и професионален развој во меѓународна компанија
  • динамична работна средина
  • можност за повремена работа од дома
  • бројни други поволности (дополнителни денови за одмор, јубилејни награди, спортски бенефиции...)
  • загарантирана добра атмосфера и добри колеги секогаш подготвени да помогнат :)

 

Пријавете се и станете дел од нашиот тим!

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде