NTH Group е водечки европски AISP (Application and Infrastructure Service Provider) со седиште во Швајцарија и со локални канцеларии во неколку европски земји.
Како глобален провајдер, ние доставуваме деловни решенија за размена на пораки за големи, средни и мали претпријатија. Сите наши решенија се развиени „in-house“ од страна на вработените стручни лица, токму затоа што сакаме да им обезбедиме на нашите клиенти најсигурни услуги.
Обезбедуваме првокласни СМС, ММС, гласовни и интернет технологии за познати брендови и корпорации ширум светот, а истовремено секојдневно го зголемуваме квалитетот на нашите услуги создавајќи возбудливи иновации.
Нашето најголемо богатство се нашите вработени и нашата корпоративна култура во која знаењето, вештините, храброста, способноста за организирање и тимскатата работа нè мотивираат да одиме напред. Ние се грижиме за нашите вработени и им овозможуваме личен и професионален развој!
Во моментов го прошируваме нашиот Call Center тим и бараме уште еден оператор за дански јазик!
Оператор во кол центар за дански јазик
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- примање и обработка на кориснички барања по e-mail или телефон
- координација со други сектори
- подготовка на неделни и месечни извештаи
- други работи поврзани со превод и администрација на наведениот јазик
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
- напредни комуникациски вештини и познавање на данскиот јазик
- пожелно е познавање на англиски јазик
- компјутерски вештини
- упорност и лична иницијатива
НУДИМЕ:
- можност за напредување и професионален развој во меѓународна компанија
- динамична работна средина
- можност за повремена работа од дома
- бројни други поволности (дополнителни денови за одмор, јубилејни награди, спортски бенефиции...)
- загарантирана добра атмосфера и добри колеги секогаш подготвени да помогнат :)
Пријавете се и станете дел од нашиот тим!