Компанијата АД Др.Пановски Скопје 25 години обезбедува високо квалитетни производи од реномирани светски производители, нивна продажба и дистрибуција со цел да се постигне задоволување на барањата на купувачите, подобрување на здравствениот систем како и грижата кон крајните корисници- пациентите.
Компанијата АД Др.Пановски има потреба од следната работна позицијa
Сметководител
Работни одговорности на Овластениот Сметководител:
- Сметководствено евидентирање и контрола на влезни и излезни документи;
- Сложување на аналитички картици со комитенти;
- Контрола на книжењето на трансакциите.
- Изработка на пријави за ДДВ и Персонален данок и поднесување на истите во УЈП, документација за Народна банка, Централен Регистaр и други релевантни институции.
- Изработка и контрола на финансиски извештаи за тековно работење.
- Следење и спроведување на важечките законски регулативи
- Контрола на целокупната сметководствена евиденција.
- Ја следи точноста на прегледот на основните средства и ситниот инвентар (ревалоризација и амортизација);
- Комуникација со клиенти и државни институции;
- Изработка, поднесување и потпишување на Завршни годишни сметки и ДБ.
- Активно учество во процесот на Годишна ревизија.
- Одлично познавање на материјално сметководство.
Потребни квалификации:
- Високо образование, предност од областа на Економски факултат, Сметководство и ревизија сл.
- Поседува важечка лиценца за овластен сметководител (задолжително)
- Искуство на иста работна позиција од мин. 2 години е задолжително;
- Вештини за работа со компјутер; Познавање на Microsoft Office: Word, Excel, Internet,
- Посебна предност е познавање на Pantheon софтверот
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Позитивна, флексибилна и проактивна личност
- Градење на тимска работа
- Развивање на другите вработени во тимот
- Планирање и Организација на работата
- Насоченост на детали
- Контрола на процеси
Плата: од 45.000 денари.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.