За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 290 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:
МЕТАЛОСТРУГАР
Основни одговорности и задачи:
- Подготовка на материјал за обработка
- Планирање на обработката со оптимално искористување и минимален трошок
- Подесување на алати и технолошки параметри на универзален и ЦНЦ струг
- Изработка на металните делови според добиените цртежи
Квалификации и компетенции:
- ССС
- Со или без работно искуство
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Отворената работна позиција е за во Прилеп.
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето за Брза Апликација.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.
Рокот за пријавување е до 12.11.2022 година.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.