Vrabotuvanje.com - Маркетинг специјалист - Скопје - ДС СМИТХ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Маркетинг специјалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДС СМИТХ

smartflex


 

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија.

Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.

Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com

 

DS SMITH СКОПЈЕ ВРАБОТУВА:
маркетинг специјалист


​Потребни квалификации:
  • Универзитетска диплома од областа на економија или маркетинг 
  • Работно искуство на слична позиција 1 година
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office)
  • Почитување на дадени крајни рокови и поддршка на соодветниот сектор
  • Желба за учење и надоградување
  • Возачка дозвола – активен возач

Вашите одговорности:
  • Ја администрира и поставува информации на web страната на компанијата со потребната содржина
  • Спроведува маркетинг активности согласно стратегијата на компанијата
  • Учествува во организација на промотивни активности и кампањи
  • Прави истражување на пазарот
  • Континуирана и квалитетна комуникација со купувачи
  • Анализи за остварување на месечните планови  
  • Квалитетно извршување на работните задачи и почитување на крајни рокови
  • Желба за напредување и развој
  • Почитување на интерните правила и стандарди на работа, како и кодексот на однесување
  • Учење и самостојно работење во сектор продажба
 
Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој.

Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, доколку сте комуникативна личност, со силни интерперсонални карактеристики, флексибилни, спремни за учење и тимска работа

АПЛИЦИРАЈТЕ !
испратете Ваша биографија и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација  не подоцна од 15.11.2022

Кандидатите кои успешно ќе го поминат процесот на пред елиминација ќе бидат контактирани телефонски. Задолжително наведете за која работна позиција аплицирате.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде