ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ФАРБАРИ/ПРИМПРЕМАЧ - ФАРБАРА
- Припрема на површината пред фарбање (китирање, стругање и фино китирање)
- Израмнување на површините на возилото
- Заштитна изолација пред фарбање, одмастување и одпрашување
- Големо искуство во користење на сите видови материјали за фарбање
- Поврзување на инсталацијата со машините за припрема
- Проверка на материјалите пред одпочнување со китирање (состојба на површината, остранување на сите нечистотии и обезбедување на добра адхезија на китот)
- Посебно внимание за економично користење на материјали
- Диплома за завршено средно образование – по можност Автолакер
- Претходно работно искуство од најмалку 2 години на иста позиција
- Способност за работа во динамично опкружување како и работа под притисок со зададени времески рокови
- Почетна нето плата од 28.900 денари плус минат труд
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места