Vrabotuvanje.com - Стручен соработник за правни работи - Скопје - Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Стручен соработник за правни работи

Скопје

Рок за пријавување:

  • Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД-Скопје
 
 

Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот

 
О Г Л А С
ЗА РАБОТНО МЕСТО
 
1 (еден) Стручен соработник за правни работи, со следниве:

Неопходни компетенции:

  • високо образование ВСП (Правен факултет),
  • положен правосуден испит,
  • со работно искуство од најмалку 1 (една) година по положен правосуден испит во областа на граѓанско и стопанско право,
  • одлично познавање на законската регулатива на РС Македонија,
  • одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација),
  • работа со компјутери и задолжително познавање на MS Office и Internet,
  • поседување возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.

Работниот однос се заснова на определено време во траење од 12 (дванаесет) месеци, со можност за продолжување.

Одговорности

  • застапување во постапки пред судови;
  • составување на поднесоци, приговори, тужби, жалби, вонсудски спогодби и друга документација во врска со постапките пред судовите и други државни органи;
  • обезбедување на потребни податоци и документи како доказен материјал во судските и другите спорови;
  • воспоставување на комуникација со Клиенти, Нотари, Извршители и обезбедува размена на информации неопходни за судските постапки;
  • води управни постапки пред надлежните државни органи во прв и втор степен;
  • води постапки пред општините и други државни институции;
  • бара извршување на правосилни и извршни пресуди кај надлежен Извршител;
  • изготвува предлог на договори, анекси и др.документација;
  • дава толкување на одредби од договори и ја следи нивната усогласеност со законските прописи;
  • следење на измени и дополнувања на законската регулатива.

Конкурентска предност за работната позиција

  • Способност за градење и развивање на професионален однос со клиенти
  • Одлични комуникациски и организаторски способности
  • Способност за тимска работа
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето

Ние нудиме:

  • Стабилност и можност за развивање
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа

Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот.

Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).

Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, уверение за положен павосуден испит, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку полето Брза Апликација.

Телефон за контакт 02/3091-945

Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.

Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција.

Известување за приватност на кандидатите за вработување

Опис на процесот на обработка на лични податоци

Селекција на кандидати за вработување во ГИ МАКЕДОНИЈА АД Скопје

Правен основ

Закон за заштита на личи податоци РСМ бр.42 од 16.02.2020

Контролор

Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје             (посетете ја нашата web страна www.gim.com.mk)

Кои лични податоци ги обработуваме и кој има пристап до нив

Вршиме обработка на личните податоци кои ги имате наведено во Вашата лична биографија

Пристап до Вашите лични податоци имаат вработените и менаџерите одговорни за спроведување на процесот за избор на кандидати и Генералниот директор

Од каде ги добиваме Вашите податоци

Преку Вашата апликација на vrabotuvanje.com.mk или

hr@gim.mk

Зошто ги обработуваме Вашите податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат за отворената работна позиција

Колку време ги чуваме вашите лични биографии

Во период од 6 (шест) месеци од денот на завршување на огласот

Право на жалба за начинот на обработка на Вашите лични податоци

Доколку имате забелешка во однос на обработката на Вашите лични податоци можете да го конрактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на e-mail адресата oficer.zlp@gim.com.mk

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде