Комфи Ангел е текстилна компанија која ги нуди најдобрите производи за добар сон. Во широкиот спектар на производи броиме перници, јоргани, заштитници за душеци и наддушеци, правејќи не една од најголемите производители на овие продукти во Југоисточна Европа.
Доколку сте кандидат кој сака да работи тимски и синхронизирано, нашата компанија има потреба од нови лица за работно место
Тим лидер
Краток опис на основните одговорности
- Организирање на работните задачи на вработените согласно дневниот/ неделниот план за работа.
- Поставување на приоритети за извршување на тековните работни задачи, дадени од раководителот
- Континуирана контрола на процесот на подготовка за работа и тековната работа на вработените од тимот
- Контрола на квалитетот на готовите производи кои се произведуваат и на податоците за часовна/ работна ефикасност на вработените во тимот
- Комуникација со вработените за целта на дневните работни задачи и очекуваниот краен резултат
- Давање на инструкции, водење и мотивирање на тимот
Потребни квалификации:
Постигнувања и искуство
- Завршено најмалку средно образование
- Основно познавање на англиски јазик и работа со компјутер
- Претходно работно искуство во водење на процеси и луѓе, ќе се смета за предност
Вештини/ способности:
- Организирање и носење на одлуки, поставување на приоритети и превземање на одговорност за активностите на останатите соработници
- Брзо и точно завршување на работните обврски
- Континуирана комуникација со колегите
- Интерперсонални вештини
- Способност за решавање на проблеми и конфликти
- Тимска работа
Што нудиме:
- Можности за професионално усовршување
- Конкурентни примања
- Динамична и флексибилна работна средина
- Позитивна работна атмосфера
- Обезбеден превоз и храна
Работно време: Во смени (06:00-14:00; 14:00-22:00; 22:00-06:00)
Локација: Прилеп