Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Lycamobile
Мисијата на Lycamobile е да ги поврзе пријателите и семејството околу целиот свет. Како најголем светски меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор (MVNO), Lycamobile обезбедува ниска цена, интернет со висок квалитет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји. Со самото проширување нуди широк спектар на финансиски и туристички услуги, вклучувајќи ги и Lycamoney и Lycafly, кои им помагаат на луѓето да контактираат преку границите. На македонскиот пазар веќе неколку години семејството на Лајкамобајл е во пораст, преку понуда која вклучува пакети со мобилни комункациски услуги достапни по атркативни цени и врвен квалитет.
Како резултат на зајакнување на нашите деловни операции, во потрага сме по член на позицијата:
АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ- СКОПЈЕ
Главни одговорности:
Промоција и продажба на сите продукти на компанијата;
Директна комуникација со клиентите и понуда на услугите на компанијата;
Планирање, организација и изведување на промоциони и маркетинг настани;
Делење на промоциони и маркетинг материјали со цел соодветно информирање на клиентите за продуктите и тековните понуди на компанијата;
Теренска работа на локации во Скопје според потребите на работниот процес.
Квалификации:
Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини;
Организациски и аналитички способности;
Динамични, иницијативни и насочени кон резултати;
Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
Одговорна, мотивирана и стабилна личност;
Способност за индивидуална и тимска работа;
Флексибилност за работа на терен;
Што нудиме:
Работа во динамична и пријатна работна атмосфера полна со интересни предизвици, во сектор телекомуникации и интернационална компанија
Основна месечна нето плата од 21.500,00 денари
Полно работно време
Почеток со работа – по договор
Доколку се гледате себеси во наведениот профил на кандидат Ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација задолжително со назнака „За агент за продажба и маркетинг (Скопје)”
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!