Vrabotuvanje.com - Аналитичар на продажба - Скопје - Скопје - НЕЛТ СТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Аналитичар на продажба - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • НЕЛТ СТ ДООЕЛ
 

Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени,
Ја сакате логистиката!

Бидете дел од НЕЛТ СТ!

 


Кои сме ние?

Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 12 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Vitalia, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.

Вработуваме:
АНАЛИТИЧАР НА ПРОДАЖБА

Опис на работната позиција: 
Основни активности:

1. Продажни планови:
  • Асистенција при усвојување на продажните планови
  • Прераспределба на целите во согласност со дефинираната стратегија за учество и добиените инпути 
  • Иницијатива и изработка на предлог планови за ревизија/проверка во зависност од остварените резултати
2. Извештаи за анализа:
  • Изработка и ажурирање на извештаите за следење на реализираното
  • Следење на продажните резултати и  посочување на продажните трендови  
  • Изработка на прегледот на работење  
  • Анализа на продажните резултати и извештаи до агенцијата за истражување на пазарот.
  • Анализа и праќање на план на иницијативи предложени  од страна на принципалите
3. Асистенција при изработка на  forecast продажба
4. Асистенција при креирање на нови комерцијални услови  и евиденција на комерцијалните услови и промени 
5. Координација на активностите поврзани со изработка на книжните одобренија и фактури
6. Оперативни состаноци  со директно претпоставените со цел известување за реализираните задачи и активности во надлежноста 
 
 
Услови и компетенции:
  • Основни услови: ВСС  
  • Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на
  • приоритети
  • Општи компетенции: Одлично познавање на работа на компјутер, Одлично познавање на англиски јазик (пишување и говорење), Возачка дозвола Б категорија
Што нудиме?
  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот 
  • Годишниот одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!
 
Доколку сакате да станете  дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 21.11.2022 год.
 
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
https://nelt-mk.oneassessment.com/job/--R9l39
 
или испратете го Вашето CV во 
Нелт СТ, ДООЕЛ
на ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје
 
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани

 
Запознајте дел од нашите брендови:
 

​Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде