Vrabotuvanje.com - Администратор во Канцеларија за Студентско Сметководство - Скопје - IBU International Balkan University
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор во Канцеларија за Студентско Сметководство

Скопје

Рок за пријавување:

  • IBU International Balkan University

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Позиција:

Aдминистратор во Канцеларија за Студентско Сметководство

Меѓународниот Балкански Универзитет има потреба од 1 (еден) Администратор во Канцеларија за Студентско Сметководство.

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Материјално книговодство 
  • Евиденција на влезни фактури во деловодник 
  • Прием на влезни фактури 
  • Книжење книжни одобренија и задолжувања
  • Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер
  • Книжење на изводи денарски и девизни 
  • Благајничко работење, контрола и анализа врз благајничкото работењe 
  • Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др. 
  • Евиденција на основни средства, ставање во употреба и пресметка амортизација 
  • Следење на законските прописи и примена на истите 
  • Контролирање на состојбата на роба 
  • Следење на производствени документи и книжење на истите

потребни квалификации

  • Завршено високо образование од областа на економски науки
  • Работно искуство од најмалку 2 години во вршење на сметководствени работи со познавање на законската регулатива, и применливите сметководствени стандарди 
  • Познавање на англискиот јазик
  • Добри компјутерски вештини, одлично познавање на MS excel
  • Висока работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи

личен профил

  • Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок
  • Да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната терминологија
  • Професионален однос кон работата
  • Одговорност и способност за организацијa
  • Дискреција и доверливост
  • Да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во Универзитетот
  • Ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина
  • Предлага и иницира нови идеи и активности
  • Позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите


Позицијата подразбира работа од Понеделник до Петок, со работно време од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно. 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да аплицираат со биографија (CV) и писмо за препорака преку полето Брза Апликација.

Само апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју. 

Крајниот датум за аплицирање е: 25.11.2022.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде