ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Позиција:
Архивар
Меѓународниот Балкански Универзитет има потреба од 1 (еден) Архивар во одделот на Архива.
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Води евиденција за архивираниот материјал
- Ажурира релевантни податоци и информации за канцелариското и архивското работење
- Им помага на колегите за управување со документи и датотеки (складирање, организација и управување со документи и датотеки)
- Помага со појдовни и дојдовни повици
- Прима, заверува и распределува документација (распределување на документите меѓу соодветните оддели по нивно потпишувње од соодветните одговорни лица)
- Завршува други работни задачи дадени од непосреден раководител
- Ги почитува етичките стандарди и политики на Универзитетот
потребни квалификации
- Завршено високо образование
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Да поседува потребни знаења, вештини и компетенции за постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење во согласност со законските одредби
- Да поседува комуникациски вештини, организациски вештини и мултитаскинг способности
- Напредно познавање на работа со компјутер – одлични вештини за Microsoft Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint, Outlook) и други слични програми
- Познавање на стандардните софтвери и способност за учење на конкретен софтвер користен од компанијата
- Одлични писмени и комуникациски вештини во македонскиот и англискиот јазик
личен профил
- Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок
- Да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната терминологија
- Професионален однос кон работата
- Одговорност и способност за организација
- Дискреција и доверливост
- Да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во компанијата
- Ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина
- Предлага и иницира нови идеи и активности
- Позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите
Позицијата подразбира работа од Понеделник до Петок, со работно време од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да аплицираат со биографија (CV) и писмо за препорака преку полето Брза Апликација.
Само апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.
Крајниот датум за аплицирање е: 25.11.2022.