ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Позиција:
Електро - Машински Инженер
Меѓународниот Балкански Универзитет има потреба од 1 (еден) Електро-Машински Инженер.
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Работа во тим со цел извршување на ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата, како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност
- Одговорност за целокупното одржување на опремата
- Превентивно одржување и следење на машините и опремата за тестирање
- Изготвување на планови за прераспределба на машините во согласност со распоредот на производство и производството на нови производи
- Извршување итни / непланирани поправки на опремата за производство и редовно вршење на превентивно одржување
- Иницирање на нови проекти кои ќе помогнат за намалување на времето на застој и подобрување на самото производството
- Учествува во имплементација на нови проекти
- Координација, надзор и учество во изведба на договорените проекти
- Координација со инвеститорот, надзорниот инженер и останатите изведувачи за време на реализација на проектот
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено високо образование од областа на економски науки - Електро/Машинска струка
- 2+ годишно искуство во одржување
- Познавање и читање на електро и пневматски шеми
- Напредно познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook)
- Разработка на идејни решенија за конкретен објект
- Изработка на идејни, основни и изведбени проекти со изработка на електрични, апликациски, функционални шеми и предмер пресметки за горе наведните системи
- Координација, надзор и учество во изведба на договорените проекти
- Поседување на возачка дозвола - Б категорија
- Лојалност и одговорност
- Кандидатот треба да биде комуникативнен и прилагодлив, подготвен за тимска работа во динамична работна атмосфера
личен профил
- Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок
- Да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната свера
- Професионален однос кон работата
- Одговорност и способност за организација
- Дискреција и доверливост
- Да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во компанијата
- Ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина
- Предлага и иницира нови идеи и активности
- Позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите
Позицијата подразбира од Понеделник до Петок, со работно време од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да аплицираат со биографија (CV) и писмо за препорака преку полето Брза Апликација.
Само апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.
Крајниот датум за аплицирање е: 25.11.2022.