ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Позиција:
Градежен Инженер - Архитект
Меѓународниот Балкански Универзитет има потреба од 1 (еден) Градежен Инженер / Архитект.
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Контрола и надзор во извршување на градежни работи
- Комуникација и координација со изведувачот и инвеститорот
- Водење на проекти и учество во проектирање на градби од делокруг на струката и изработка на проекти за организација и реализација на изградба, реконструкција или одржување на градежни објекти
- Следи прописи и законски акти од Законот за градежништво и слични закони
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено високо образование - Градежен Факултет
- Работа со компјутери, познавање на MS Office, Internet и Auto CAD
- Да поседува минимум Б овластување за изведба
- Документирање, изработување на понуди,градежни дневници, градежни книги и ситуации
- Работа на терен
- Одлично познавање на постапката за изработка на основен проект и добивање одобрение за градење
- Поседување на возачка дозвола - Б категорија
- Лојалност и одговорност
- Кандидатот треба да биде комуникативнен и прилагодлив, подготвен за тимска работа во динамична работна атмосфера
личен профил
- Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок
- Да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната свера
- Професионален однос кон работата
- Одговорност и способност за организација
- Дискреција и доверливост
- Да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во компанијата
- Ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина
- Предлага и иницира нови идеи и активности
- Позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите
Позицијата подразбира работа од Понеделник до Петок, со работно време од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да аплицираат со биографија (CV) и писмо за препорака преку полето Брза Апликација.
Само апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.
Крајниот датум за аплицирање е: 25.11.2022.