DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија.
Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
DS SMITH СКОПЈЕ ВРАБОТУВА:
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
Потребни квалификации:
- Средно образование (машинско или техничко училиште)
- Со релевантно работно искуство
- Организираност и одговорност
- Способност за работа во тим
- Мотивирана и стабилна личност
Работни задачи и одговорности:
- Детектирање и отстранување на машински дефекти на производствени машини
- Учество во ремонт на машините и опремата
- Активно учество во инсталирање на опрема
- Одржување и сервисирање на транспортни системи
- Познавање од хидраулични и пневматски системи
- Учење на нови процеси
- Следење на процедури за безбедност и здравје при работа
- Атрактивни месечни примања
- Платени прекувремени часови
- Месечни бонуси согласно остварени таргети
- Обезбеден оброк за вработените
Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, доколку сте комуникативна личност, флексибилни, спремни за учење и тимска работа
АПЛИЦИРАЈТЕ !!!
испратете Ваша биографија преку полето Брза Апликација не подоцна од 20.12.2022.
Кандидатите кои успешно ќе го поминат процесот на пред елиминација ќе бидат контактирани телефонски. Задолжително наведете за која работна позиција аплицирате.