ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.
Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во Бугарија, Романија и Македонија.
Нашата мисија е да им обезбедиме на сите, без разлика на нивниот животен статус, шанса да добијат брз пристап до финансиски алатки, продукти и услуги за да можат да си ги исполнат соништата. Ние сме млад тим, а сепак искусни професионалци. Сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри.
Ако си подготвен да ни се придружиш на нашето патување, ќе ни биде задоволство да ни се приклучиш во тимот!
Во интерес на нашата експанзија, во потрага сме по Бренд специјалист кој преку своите работни задолженија ќе го негува имиџот на компанијата и комуникацијата за брендот.
БРЕНД СПЕЦИЈАЛИСТ
Работни задачи и одговорности:
- Учествува во изработка на маркетинг страгегија со цел постигнување на буџетските цели на Компанијата, заедно со тим од Бугарија;
- Одговорен е за стратегијата за имиџ на компанијата, негување на имиџот на компанијата и комуникацијата за брендот;
- Подготвува анализи на целни групи на услугите и продуктите што ги нуди Компанијата;
- Планира и организира промоции;
- Ја координира комуникацијата со различни оддели во компанијата;
- Ја следи динамиката на продуктите на пазарот и прави споредба со оние на конкуренцијата;
- Подготвува извештаи, репорти и прави анализа на маркетинг активностите;
- Одговорен е за спроведување процедури за печатени и други материјали;
- Одговорен и управува со залихите на маркетинг материјали
- Одговорен е за комуникација со повеќе од 40 Продавници за пари;
- Одговорен е за брендирање на продавниците за пари;
- Одговорен е за организирање настани;
- Соработка со тимот;
Потребни квалификации:
- Високо образование од областа на маркетинг и економија
- Ќе се смета за предност доколку има завршено Магистерски студии во областа на маркетинг
- Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
- Искуство со анализа на пазарот, прогнозирање и промоција на продажбата,
- Познавање на англиски јазик, писмен и говорен,
- Одлични компјутерски вештини и познавања на MC Office и други софтверски пакети, потребни за позицијата
- Вештини за тимска работа, комуникациски вештини, способност за слушање, способност за убедување, способност за аналитичко размислување, способност за планирање и предвидување, способност за работа под притисок и почитување на рокови, чувство за пазарот.
- Исполнување на точно зададените усни и писмени задачи и обврски од страна на Работодавецот,кој се однесуваат на работната позиција на Работникот
- Се грижи за одржување на добро име и имиџ на М КЕШ
Што нудиме:
- Компетитивна плата
- Пријателска работна атмосфера
- Динамична и одговорна работа во Компанија со постојан раст
- Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци, кои веруваат во интегритет,
- Тимска работа и отворена комуникација
- Редовни внатрешни и надворешни можности за обука
- Приватно здравствено осигурување
- Можност за дополнителни бонуси согласно политиките на компанијата
Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.