Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Grouper.mk
Grouper.mk најголемиот водечки сајт за е-трговија во Македонија има потреба од
DATA ENTRY AND INTEGRATION MANAGER
Опис на работни обврски и одговорности:
Врши внесување на производи и податоци на платформата
Го контролира и води онбординг тимот кој е задолжен за внесување на производи на платформата
Врши контрола на каталози и цени
Oдговорност за навремена испорака и квалитет на испораките
Дефинира и имплементира процеси за интеграција за да се обезбеди усогласеност и стандардизација меѓу засегнатите страни
Раководи со тим за развој на ефективни процеси на интеграција, алатки и шаблони кои деловните единици можат да ги користат
Раководи со тим за да ги идентификува и подобри можностите за подобрување на процесите и технологијата
Известува за перформансите и ефикаснота на тимот, на индивидуално и групно ниво
Го следи напредокот на проектите, менаџира со ризици и за истите го известува раководителот на интеграции
Потребни квалификации:
Напредно познавање на Microsoft office пакетот
Напредно познавање на англиски јазик
Искуство со оптимизација на процеси
Одлични организациски вештини
Развиени вештини за раководење со тим
Искуство во сегментот на е-трговија ќе се смета за предност
Познавање на Power BI ќе се смета за предност
За сите кандидати ќе бидат обезбедени соодветни обуки со цел стекнување на сите потребни знаења за извршување на задачите на работното место.
Ако сакаш да станеш и ти дел од успешната приказна на Grouper испрати ја твојата апликација преку полето за Брза апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!